Поврзете се со нас

АБА лига

Спартак Суботица го скрши отпорот во вториот дел, ТФТ претрпе и осми пораз во АБА2 лигата

Објавено

на

ТФТ останува осамен на претпоследното место на табелата во АБА2 лигата, откако составот од Скопје вечерва го претрпе и осмиот пораз во деветтото коло во регионалното натпреварување.

Турнирот во Нови Сад денеска донесе настапи на два македонски тима, но откако Пелистер оствари драматична победа, ТФТ ја затвори програмата со нов неуспех, и тоа доста убедлив.

Спартак Суботица се покажа како преголем залак за тафталиџани, што и не беше преголемо изненадување ако се знае дека овој тим атакува на првото место и влез во најсилната АБА лига.

ТФТ држеше во првата четвртина и беше во егал ситуација во воведните 10 минути, но по почетните 20:20, Суботица почна да го диктира темпото и да ги контролира случувањата на теренот.

Српскиот тим стигна до девет поени предност на полувреме и од тука ја најави својата доминација, па на крајот оствари и многу лесна победа со резултат 93:64.

Во лошото издание на македонскиот претставник, Луис со 15 поени беше најефикасен во таборот на ТФТ, додека Николов запиша 12 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни