Поврзете се со нас

Европски првенства

Словачка ја изненади Полска и ја запиша воведната победа на Европското првенство

Објавено

на

Репрезентацијата на Словачка стигна до заслужена победа од 2:1 против фаворитот на денешната средба, селекцијата на Полска.

Словаците мудро го препуштија поседот на топката на репрезентацијата на Полска и шанса чекаа од контра напади, а првиот гол дојде токму од една таква ситуација.

Во 19. минута, Роберт Мак шутираше во поблискиот агол на Шчесни кој несреќно се постави и на крајот си ја смести топката во својот гол.

Полска веднаш на стартот на второто полувреме го израмни резултатот со голот на Линет кој во првиот дел беше најслабата алка на теренот.

Клучниот момент на средбата се случи во 62. минута кога Криховјак заработи црвен картон, а играчката позитива Словачка ја искористи по само шест минути кога Милан Шкриниар на одличен начин по втор пат го матираше Шчесни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни