Поврзете се со нас

Англија

Скандал во Премиер лигата по дербито на дното: Судијата кој беше во ВАР собата е фан на Лутон! (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/NFFC

Евертон го победи Нотингем Форест со 2:0 и направи голем исчекор кон опстанок во англиската Премиер лигата, а овој натпревар беше интересен и поради фактот што станува збор за два клуба кои заработија казни во вид на одземени бодови.

„Карамелите“ се одлепија од црвената зона и можат помирно да дишат пред последните пет кола во сезоната, но играчите и одговорните лица на Нотингем не го криеја бесот, особено поради тоа што бараа дури три пенали на „Гудисон парк“.

„Шумарите“ сметаат дека биле оштетени за три чисти најстроги казни кои би го промениле текот на мечот, па поради тоа, се решија да излезат со експлозивно соопштение со кое иницираа и скандал во англискта елита.

– Денеска беа донесени три многу лоши одлуки, не ни беа досудени три пенали и тоа не смее да се прифати.

– Ги предупредивме луѓето во судиското тело дека делегираниот судија во ВАР е фан на Лутон уште пред мечот, но тие решија да не менуваат ништо. Нашето трпение беше тестирано неколку пати. Нотингем Форест како клуб сега ќе ги разгледува своите опции за преземање мерки, – гласи објавата на „шумарите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни