Поврзете се со нас

Англија

Сити се согласи да го продаде Палмер на директен ривал во Премиер лигата, трансферот ќе достигне 45 милиони фунти

Објавено

на

Пеп Гвардиола беше прилично јасен по освоениот Суперкуп против Севилја, потенцирајќи дека најдобриот играч на тој меч може да биде продаден до крајот на летниот преоден рок.

Кол Палмер дочека шанса да се докажува по заминувањето на Ријад Марез и дојде до израз на двата Суперкуп меча во Англија и Европа, но сепак последните трансфер активности на „граѓаните“ направија да ја побара излезната врата.

Челси оваа вечер доставил официјална понуда за крилниот напаѓач и истата експресно била прифатена од Сити, а зелено светло за трансферот дал и младиот фудбалер кој очекува на „Стемфорд Бриџ“ да има далеку поголема минутажа.

Пеп со својата изјава навести вакво можно сценарио и посочи дека Палмер нема да си дозволи уште една сезона со толку мала минутажа, па за играч кој не беше во прв план, Сити ќе добие и навистина добра заработка.

Угледните англиски медиуми информираат дека Сити ќе добие од 40 до 45 милиони фунти за својот 21-годишен фудбалер, за кого веќе се закажани и медицинските прегледи во текот на утрешниот ден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни