Поврзете се со нас

АТП

Синер го скокна Алкарас, Ѓоковиќ ќе постави уште еден рекорд

Објавено

на

foto:twitter.com/janniksin

Јаник Синер од денеска и официјално е втор светски рекет, место до кое дојде со одличните партии, изданија во изминативе месеци, титули од која последната беше на Мастерсот во Мајами каде во големото финале му одржа лекција на Григор Димитров со 6-3  и 6-1.

Со вкупно 8.710 тој го мина Карлос Алкарас кој сега е третата позиција, односно сега пред него е само Новак Ѓоковиќ кој зад своето име има има 9725 поени.

Ова за Србинот е 419 недела на врвот на АТП листата, а за неколку дена официјално ќе постави нов рекорд и ќе го надмине Рожер Федерер како најстар играч со позицијата број еден на рангирањето (36 години и 321 ден).

Во првата петка се уште Русинот Медведев и германскиот ас Саша Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни