Поврзете се со нас

АТП

Синер го разби Димитров и го освои трофејот во Мајами (ВИДЕО)

Објавено

на

Италијанскиот тенисер, Јаник Синер е победник на АТП Мастерсот во Мајами, турнир кој го освои откако вечерва му одржа лекција на Григор Димитров кој играше навистина на високо ниво во текот на оваа седмица.

Бугаринот на патот до финалето доби играчи како Алкарас, Зверев и Хуркач, меѓутоа Синер е друга категорија во овој момент, тенисер кој веќе некое време, месеци е најдобар на светот ако се погледнат неговите резултати.

Ова за Синер е прво славје во Мајами, а до истото дојде по нешто повеќе од од 1 час игра со 6-3 и 6-1.

Со овој резултат Јаник доаѓа на второто место на АТП листата пред Алкарас, поточно сега пред него ќе биде само Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни