Поврзете се со нас

Италија

Силва за играчот кој треба да го облече „црвено-црниот“дрес: Тој е фантастичен, ќе биде големо засилување

Објавено

на

Поранешниот италијански шампион Милан ќе се обиде да изгради компетитивен тим ова лето во кое го загуби Сандро Тонали, но со тие средства може да донесе соодветна замена, ама и да ги освежи, засили позициите кои не функционираа најдобро претходната сезона.

Веќе неколку фудбалери се потврдени како засилувања и тоа Лофтус-Чик, Спортиело и Ромеро, а на добар пат е да пристигне уште едно, најзвучното во името на Пулишич. Медиумите веќе информираа дека Милан и Челси се договориле, односно дека во брзо време ова треба официјално да биде потврдено.

Тијаго Силва во својата кариера играше за двата тима, па даде краток коментар за трансферот кој треба да се реализира.

-Тој е добро момче и фантастичен играч. Минатата година немаше голема шанса да игра за нас. Не знам дали ќе замине во Милан сто проценти, но ако замине сигурно добро ќе се снајде, -порача Бразилецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни