Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Силва нема да игра како лев бек против Лајпциг, Џеко и Лаутаро го предводат нападот на Интер (ФОТО)

Објавено

на

foto: https://twitter.com/ManCity

Милано и Лајпциг се во центарот на вниманието оваа вечер, а причината за тоа се двете пресметки од Лигата на шампионите се кои се заокружува првата рунда од осминафиналната фаза.

„Биковите“ го пречекуваат Манчестер Сити во дуел во кој гостинскиот тренер Пеп Гвардила реши да не експериментира и нема повеќе да го гледа Бернардо Силва како лев бек или ас кој ја покрива цела таа страна како што беше против Арсенал и Нотингем Форест.

Силва е во офанзивата каде заедно со Грилиш и Марез треба да го „хранат“ Халанд со топки.

Андре Силва е најистурен кај Лајпциг, најголема поддршка треба да добие од Вернер, Собослаи и Форсберг.

Интер пак со дуото Лаутаро-Џеко ќе се обиде да го скрши отпорот на Порто на „Џузепе Меаца“. Португалците нема да се бранат и според поставеноста ќе излезат со формација 4-3-3 на вечерашниот дуел кој започнува во 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни