Поврзете се со нас

Италија

Си подаде рака со претседателот: Инѕаги го продолжи договорот со Интер (ВИДЕО)

Објавено

на

Италијанскиот вицешампион Интер ја продолжи соработката со тренерот Симоне Инѕаги.

Инѕаги дојде во Милано минатото лето и тоа на местото на Антонио Конте и имаше добра сезона во која му донесе два трофеи на клубот во Супер Купот и Купот на Италија, одлично му се спротистави на Ливерпул во осминафиналната рунда во Лигата на шампионите, а единствената дамка или минус секако е загубениот трофеј од Милан во Серија А.

Според новиот договор Симоне ќе заработува 5 милиони евра по сезона, а истиот е со важност до 2024 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни