Поврзете се со нас

Европски првенства

Шпанија разочара, Фабрегас воодушевен од еден играч: Се потсетив на зборовите од Арсен Венгер

Објавено

на

Шпанската фудаблска репрезентација разочара на отворањето на Европското првенство, бидејќи јаловиот посед не беше материјализиран и избраниците на Луис Енрике демонстрираа дека имаат проблем да пробијат еден цврст бедем како што беше оној на Шведска.

Алваро Мората доби свирежи од домашната публика во Севилја бидејќи имаше неколку сериозни утки, но иако на оваа страна треба да се најдат уште неколку фудбалери, имаше и еден таков кој ја воодушеви цела фудбалска јавност.

Посебно импресиониран беше Сеск Фабрегас, без разлика на тоа што фудбалерот кој тој го фалеше го урна неговиот рекорд од 2006-та година. Педри со 18 години и 201 ден стана најмладиот Шпанец кој настапил на еден голем турнир, рекорд кој до вчера беше во рацете на Фабрегас кој со 19 години и 41 ден настапи на Светското првенство во 2006-та година.

– Искрено, воодушевен сум од фактот што 18-годишно момче игра на таков начин за Шпанија. Како што ми велеше Арсен Венгер на мене, годините се само бројка, ако си доволно добар, подготвен си за игра на највисока сцена. Тој има фантастичен карактер, ја сака топката, ги презема потребните ризици на теренот, им се нуди на соиграчите и оди напред.

– Постојано работи за тимот, кога никој не сакаше да преземе одговорност на теренот, Педри ја добиваше топката и минуваше неколку линии на теренот, – изјави Фабрегас во студиото на „Би-Би-Си“, а со него се согласија и Рио Фердинанд и Гери Линекер.

– Педри беше оној кој секогаш ја бараше топката и играчот кој покажа најголема креативност, – порача Рио, а Гери заклучи.

– Педри ќе биде суперѕвезда во фудбалот, – заврши Линекер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни