Поврзете се со нас

Светски првенства

Шпанците не попуштија докрај, го претставија Косово со мали букви (Фото)

Објавено

на

Шпанската влада не го признава Косово како самостојна држава и тоа беше една од најкоментираните теми во спортската јавност на Пиринеите откако стана јасно дека „фуријата“ ќе игра против новоформираната селекција во мундо-квалификациите, па кога дојде денот за нивна пресметка, огромно внимание преидизвика шпанската национална телевизија.

Шпанците на секаков можен начин се обидуваат да го истакнат своето незадоволство за независноста на Косово, па вечерва применија доста „ниски удари“ кон гостите во најавата и во официјалниот пренос на мечот.

Најпрво, шпанската фудаблска Федерација со мали букви го претстави тимот на Косово, а истиот рецепт го примени и националната телевизија на Шпанија која го пренесува дуелот.

Косово е претставно со кратенката „кос“ со мали букви на официјалната графика, со што само се остварија најавите дека Шпанците нема да бидат воопшто пријателски и гостопримливо настроени кон своите вечерашни противници.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни