Поврзете се со нас

Свет

Шортс со ново МВП издание му го донесе првиот трофеј на Париз во неговата историја (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/LNBofficie

Американскиот плејмејкер со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс со ново импресивно издание го предводеше Париз до пехарот во Купот на Франција.

Во денешното финале, Париз успеа да излезе како победник во дуелот со Нантер со резултат 90:85. Нантер играше навистина квалитетно во изминативе денови во кои ги елиминираше Асвел и Бург, екипи кои играат во европските купови, а и вечерва беше на високо ниво, но Париз воден од Шортс најде решение и со добра игра во завршниот период се избори за освојување на титулата.

Ова за клубот од француската престолнина е прв пехар во историјата, резултат во кој најголема улога имаше Шортс кој заслужено го понесе и признанието МВП.

Вечерва македонскиот репрезентативец уфрли 26 поени со 2 скока и 2 асистенции. Тој вчера блескаше против Монако, а претходно двоцифрена партија имаше и во соочувањето со Сен Кантен.

Брилијантниот Шортс му пресуди на Монако во Купот (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни