Поврзете се со нас

Свет

Брилијантниот Шортс му пресуди на Монако во Купот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/LNBofficiel

Ти-Џеј Шортс и неговиот Париз направија изненадување и го совладаа Монако со 98:93 во полуфиналето на Купот во Франција.

Евролигашот важеше за голем фаворит на хартија, ама тоа овојпат не го потврди на теренот, а еден од главните „виновници“ беше македонскиот репрезентативец Шортс кој блескаше и беше нерешлива енигма за избраниците на Обрадовиќ.

Плејмејкерот беше најдобар актер на теренот со 25 поени, 2 скока и 5 асистенции, поточно успеа да ја добие битката со Мајк Џејмс кој на спротивната страна реализираше 18 кошеви со 3 скока и 4 асистенции.

Противник на Париз во големото финале ќе му биде составот на Нантер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни