Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи се засили со поранешен играч на Вардар и Пелистер

Објавено

на

foto: fcshkupi.com

Тимот на Шкупи го потврди најновото засилување во овој преоден рок, играч кој е повратник на домашната фудбалска сцена по престојот во Албанија во редовите на Тирана.

Се работи за повремениот репрезентативец на Македонија, Кристијан Тошевски кој сосоставот од Чаир потпиша едногодишен договор со опција истиот да биде продолжен за уште една сезона.

-Драго ми е што се враќам во домашното првенство, особено во екипа како Шкупи. Се надевам дека ќе ги постигнеме високите цели на нашиот сопственик, а тоа е да ја вратиме титулата на Чаир и да влеземе во групите од Конференциската лига, -порача Тошевски кој е поранешен играч на Тетекс, Вардар и Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни