Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија се засили со еден од најдобрите играчи од Косово, „лавовите“ се разделија со Личина и Лазаревиќ

Објавено

на

Шкендија продолжува да го гради тимот за следнава сезона, а најновото засилување е еден од најдобрите играчи од Косово, Ендрит Красниќи.

Се работи за играч за врска кој беше прогласуван за најдобар на својата позиција во шампионатот на Косово каде низ изминативе години воедно освојуваше титули со Дрита и Приштина, но и пехари во Купот.

Тој со „црвено-црните“ потпиша двегодишен договор.

Кога се прашање македонските прволигаши неочекувана вест дојде од редовите на Македонија Ѓорче Петров, вест поврзана со Стефан Лазаревиќ и Есмин Личина. Пред некое време клубот информираше дека се продолжени договорите со овие двајца за уште една кампања за да сега и соопшти на јавноста дека е завршена соработката со нив.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни