Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија ги реши „лавовите“ од Ѓорче

Објавено

на

Фудбалерите на Шкендија ја победија Македонија Ѓорче Петров со 3-1 во првата средба од 30. коло во Првата македонска лига.

„Црвено-црните“ пред неколку дена направија кикс против Силекс, па денеска се освен триумф ќе беше големо разочарување, но и уште еден чекор назад во трката за пехарот во најсилниот домашен шампионат.

Клубот од Тетово веќе по 35 минути водеше со 2-0 со погодоците на Милев и Чинари, но до крајот на првиот дел погодок за гостите даде Фазли со што ја врати неизвесноста на овој натпревар.

Овој резултат беше активен до 68 минута кога Рамадани со атрактивен гол ги постави конечните 3-1.

Сега Шкендија има два бода помалку од лидерот Струга кој утре има гостување во Штип кај Брегалница.

Утре се среќаваат:

БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ
СИЛЕКС – ШКУПИ
ПОБЕДА – СКОПЈЕ
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни