Поврзете се со нас

Европски купови

Серафимов: Промашивме многу ситуции „еден на еден“, ќе бидеме подобри од натпревар во натпревар

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Македонскиот ракометен прволигаш Алкалоид доживеа пораз од Војводина од 31:26 во првата средба од групната фаза во Лигата на Европа.

Пресуди искуството на српскиот шампион кој знаеше како да се постави во одредени ситуации и да ги казни сите грешки, пропусти, неискористени шанси на избраниците на Кирил Лазаров.

Алкалоид промаши пет пенали и не искористи доста ситуации еден на еден што во ваков меч е навистина многу за да се дојде до позитивен резултат.

-Честитки за Војводина за одличниот натпревар. Не одигравме како што знаеме, промашивме многу ситуции „еден на еден“ со голманот, но ќе го анализараме мечот и верувам дека ќе ги увидиме нашите грешки и ќе играме подобро од натпревар во натпревар, -порача Мартин Серафимов кој даде четири гола од десет обиди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни