Поврзете се со нас

Светски првенства

Секој се обидуваше да стане шампион: Меси и Мбапе водеа „војна“ на теренот (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Аргентина ја доби пресметката со Франција и ја „грабна“ титулата на 22. Светско првенство кое се одржуваше во Катар.

Финалето, битката за „Божицата“, беше спектакуларна, фантастична, двете селекции имаа свои моменти, падови, па така „гаучосите“ двапати испуштија водство од 2-0 и 3-2, поточно „триколорите“ покажаа карактер се враќаа се изборија за 3-3 и имаа неверојатна шанса за 4-3.

На крајот пеналите ја донесоа конечната одлука околу победникот, јужноамериканците беа далеку подобри и дојдоа до пехарот кој го чекаа 36 години, пехар кој им ја носи третата ѕвездичка на нивните дресови.

Соиграчите од ПСЖ, Лионел Меси и Килијан Мбапе покажаа дека се почитуваат, но во исто време водеа и „војна“ на теренот. На социјалните мрежи се појави видео во кое двајцата се провоцираат, па така прво го имаме Лео како стиска палци за да потоа со иста мерка врати и Килијан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни