Поврзете се со нас

СЕХА лига

СЕХА утеха: Доминација на Пелистер и Вардар во тимот на сезоната

Објавено

на

Еурофарм Пелистер не обезбеди место во СЕХА завршницата, а иако вториот македонскиот претставник Вардар се избори за Ф4 финиш на теренот, ракометниот првак од нашата земја доби „црвен картон“ од одоговорните лица на регионалното натпреварување поради позитивен случај на Ковид 19.

Поради тоа, местото на Вардар на завршниот турнир го зазема ППД Загреб, па во пресрет на завршните возбудувања во СЕХА, одговорните лица одлучија да се одолжат такашто вметнаа доста ракометари од Вардар и Пелистер во идеалниот тим.

МВП на регуларниот дел од сезоната е Јосип Периќ кој е избран и за најдобар среден бек, а претставник на Пелистер во идеалниот тим е и Невен Стјепановиќ.

За најдобар тренер е избран Жељко Бабиќ, додека титулата најдобар дефанзивец му припадна на Глеб Калараш. Тимур Дибиров како актуелен играч на Вардар се најде во идеалната постава како најдобро лево крило.

Најдобриот тим го комплетираат Бокан од Мотор, Рабек од Татран, Ашанин и Воркапиќ од Металопластика, а Николиќ е најдобар млад играч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни