Поврзете се со нас

Италија

Сари за следниот меч против Интер: Одиме да ги земеме парите и малку да потрчаме!

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио влезе во позитивна серија на резултати и врза пет победи во низа, а по последниот триумф над Лече тимот од италијанската престолнина треба да се подготви за долг пат.

После четирите меча во Серија А и обврските во Купот, Лацио сега ќе патува за Саудиска Арабија и во Ријад ќе игра полуфинале против Интер во новиот формат на Суперкупот.

Во минатото, се играше само еден меч во Суперкупот и истиот се одржуваше пред стартот на сезоанта, но откако се помести во Саудиска Арабија за финансиска заработка, сега се направи и Ф4 турнир.

Маурицио Сари е против ваквиот турнир и не криеше дека има само една цел за она што следи, односно само да ги земат парите и да трчаат колку што можат.

– Не ме влечете за јазик, добро знаете што мислам. Тој турнир е се, само спорт не. Ќе одиме да ги земеме парите и да потрчаме! Одиме низ светот за да добиеме пари, јас така гледам на ова. Наспроти сите проблеми кои ги имаме со распоредот, сега фалеше уште турнирски формат на Суперкупот. Ако ова е модерниот развој на фудбалот, јас сум горд што сум израснат од старата школа, – изјави Сари по победата над Лече од 1:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни