Поврзете се со нас

Германија

Сарагоса е разочаран од односот на Тухел откако пристигна во Баерн

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Тухел пред новинарите тврди дека нема никакви проблеми со Брајан Сарагоса и тој не добива минутажа само поради големата конкуренција во тимот, но германските медиуми тврдат дека ситуацијата е малку поинаква.

Баерн Минхен го исфорсира доаѓањето на Шпанецот во јануари, наместо претстојново лето, за потоа Тухел речиси и да не му даде шанса на засилувањето, кое има проблем и со јазичната бариера бидејќи не зборува германски.

Дел од германските новинари пренесуваат дека постои тензија меѓу Тухел и Сарагоса, а ситуацијата кулминирала поради односот на тренерот кон младиот фудбалер.

Во ситуација кога Тухел одлучил дека Сарагоса дека нема да биде во составот на Баерн, не му го кажал тоа лично на фудбалерот, туку Сарагоса ја добил пораката преку еден од директорите, односно Кристоф Фројнд.

Шпанецот не верува во изјавите на Тухел и смета дека тренерот нема доверба во него, па е многу разочаран што прифатил да дојде порано во Баерн.

Добра вест за фудбалерот е што од јуни Баерн ќе има нов тренер, но нејасно е дали ќе може да се наметне или пак ќе мора да оди на заем во друга екипа, каде ќе може да се надева на минутажа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни