Поврзете се со нас

Светски првенства

Руни за осминафиналето на Англија: Знам како размислува Саутгејт, јас би одлучил поинаку

Објавено

на

Англија денеска ќе се соочи со Сенегал во првиот дуел од нокаут фазата на СП во Катар, а на средбата влегува како фаворит иако против себе ќе го има актуелниот африкански шампион.

Селекторот Герет Саутгејт имаше можност да истестира повеќе фудбалери и комбинации во групната фаза, па сега мора да направи најдобар избор, бидејќи ова се натпревари за кои нема можност за исправка.

Легендарниот Вејн Руни преку медумите состави најдобра единаесетка на Англија за дуелот со Сенегал и според него Букајо Сака не треба да добие шанса од првата минута.

– Нема да бидам изненаден ако Саутгејт повторно ги врати Стерлинг или Сака, па дури и двајцата во првиот тим.

– Мислам дека еден играч меѓу Фоден и Рашфорд ќе остане на клупата, бидејќи селекторот има најголема доверба во Стерлинг.

– Ако ме прашувате мене, јас би играл со тимот кој го победи Велс, односно со Фоден и Рашфорд во трио со Кејн. Фоден ви дава подобра контрола и овозможува подобар ритам, додека за Рашфорд сметам дека сериозно му е зголемена самодовербата по постигнатите голови и тоа треба да се искористи, – вели Руни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни