Поврзете се со нас

Англија

Руни понижен од навивачите на Бирмингем: Јас сум борец и не се предавам лесно (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BCFC

Отворањето на новата година донесе само еден натпревар во Премиер лигата, но затоа беше максимално активно во Чемпионшип каде се одиграа сите 12 натпервари.

Еден од нив беше и оној меѓу Лидс Јунајтед и Бирмингем кој се играше на „Еланд Роуд“, а кој заврши со резултат 3:0 за домашниот тим.

Поранешните премиерлигаши се во сосема различен ритам, бидејќи Лидс е дел од тимовите кои се борат во зоната на плејофот, додека Бирмингем се поблиску е до опасната зона.

Вејн Руни има катастрофална серија на резултати откако го презема тимот и оствари само две победи на 15 меча, а тоа направи да добие големо понижување во првиот ден од годината.

– Руни напушти го клубот, – гласи пораката која гостинските навивачи му ја посветија на легендарниот голгетер на Јунајтед, кој и покрај се, не планира да се откаже.

– Јас сум борец и мирно ги прифаќам ставовите на фановите. Морав да се борам и во мојата кариера, не беше секогаш само успеси. Бев во борба за опстанок со Евертон и верувам во себе. Имаме многу млад тим и очекувам засилувања во јануари. Ветувам борба и се надевам дека ќе се подобриме на неколку позиции во тимот, – изјави Руни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни