Поврзете се со нас

Англија

Руни му испрати џентлменска порака на новиот англиски рекордер (Фото)

Објавено

на

Хари Кејн денеска постигна гол за водство од 0:2 над Италија во Неапол, а тоа беше момент за историја бидејќи стана најдобар англиски голгетер на сите времиња.

Ѕвездата на Тотенхем до вечерва беше израмнет со Вејн Руни на вечната листа и двајцата имаа по 53 погодоци, но сега Кејн има еден повеќе и изби самостојно на врвот.

Ова е само уште еден доказ дека Кејн е класа фудбалер и расен голгетер кој со години ги тресе мрежите за Тотенхем, но и за англиската репрезентација во која отсега има посебно место.

Вејн Руни како голем џентлмен беше еден од првите кои му честитаа на Кејн за рекордот, потенцирајќи дека не очекувал неговиот рекорд да падне толку брзо.

– Кејн, чеситки што стана најдобар англиски голгетер на сите времиња. Знаев дека нема да ти треба многу време, но ова беше многу брзо. Фантастично човеку, неверојатен голгетер и англиска легенда. Честитки Хари, – порача Руни.

Вејн сега е втор на вечната листа со 53 погодци, а зад него се Сер Боби Чартлон со 49, Гари Линекер со 48 и Џими Гривс со 44.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни