Поврзете се со нас

Англија

Роналдо со порака го заокружи победничкиот кам-бек во Јунајтед (ФОТО)

Објавено

на

Кристијано Роналдо беше во центарот на вниманието во изминатиов период, а причината за тоа беше неговото однесување и одбивање за влезе во игра на средбата со Тотенхем за што заработи казна од менаџерот Ерик Тен Хаг кој го отстрани од првиот тим неколку денови, плус напаѓачот не беше во конкуренција за дербито со Челси.

По овој период Холанѓанецот даде зелено светло за ѕвезда која се врати на тренинзите за да вчера биде и во стартната постава на средбата со Шериф Тираспол во Лига Европа, средба на која ги одигра сите 90 минути и даде гол во 81 минута со кои ги постави конечните 3-0.

Ова секако донесе задоволство кај Кристијано кој одлучи да ги искористи социјалните мрежи за да испрати кратка, ама јасна порака.

-Одлична тимска работа и добра победа. Се држиме заедно. Напред Јунајтед, -напиша Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни