Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Роналдињо доживеа специјални моменти во Париз и емотивно се обрати по дербито меѓу ПСЖ и Барса (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Големата европска битка меѓу ПСЖ и Барселона беше во прв план на вториот натпреварувачки ден во Лигата на шампионите, а четвртфиналето мина и во знакот на легендата која ги носеше дресовите на двата клуба.

Бразилецот Роналдињо беше специјален гостин на „Паркот на принцовите“ и имаше можност да се сретне со многу добро познати лица, па после големиот број емоции кои ги доживеа во Париз, популарниот Гаучо излезе и со интересен заклучок на социјалните мрежи.

Навивачите на ПСЖ ја презентираа големата љубов која ја чувствуваат кон бразилскиот магионичар, а сето тоа побуди посебни емоции кај Роналдињо кој се огласи преку социјалните мрежи.

– Благодарност до Најк, ПСЖ и Барселона за историската ноќ!!! За некои тоа е само игра, за други само резултат…..

– Но, за мене, тоа е дел од мојата фудаблска историја, се беше собрарно на едно место, на моето омилено место! Теренот, совршениот тревник, звукот на трибините, тука се има повеќе смисла за мене….. Седам и уживам во ноќта исполнета со чиста магија и емоции…… Да живее Лигата на шампиони, – порача Роналдињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни