Поврзете се со нас

Италија

Рома заглави без Дибала, Аталанта го освои „Олимпико“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Рома доживеа пораз од Аталанта од 1-0 на вечерашниот натпревар што се одигра на „Олимпико“ во Рим.

„Волчицата“ доби удар пред самиот старт на натпреварот откако на загревањето се повреди Пауло Дибала кој беше најавен во почетната постава. Немања Матиќ беше уфрлен од Жозе Мурињо на испразнетото место, но домаќините се мачеа да создадат добри шанси за да во 35 минута влезат и во негатива откако тинејџерот Скалвини со мајсторски удар ја затресе мрежата на Руи Патрисио.

Со овој резултат се замина на пауза, а по истата домаќините имаа проблеми вистински да се наметнат и како најважен момент е црвениот картон кој Жозе Мурињо го доби во 57 минута.

Мурињо полуде по една судиска одлука, заработи црвен картон, па и намигна на камерата (ВИДЕО)

Аталанта со 17 бода е на врвот на табелата во Калчото, Рома пак со 13 ја зазема шестата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни