Поврзете се со нас

Италија

Рома сака да го задржи Лукаку, но има два клучни услови

Објавено

на

foto:twitter.com/ASRomaEN

Ромелу Лукаку и оваа сезона е дел од италијанскиот фудбал каде го носи дресот на Рома и тоа како позајмен играч од редовите на Челси.

Белгиецот има добри изданија во клубот од Рим кој дефинитивно сака да го задржи во своите редови и по крајот на оваа сезона, меѓутоа за да се случи тоа мора да се исполнат одредени услови.

Според „Газета Дело Спорт“ има два клучно фактоти, првиот е „волчицата“ да обезбеди пласман во Лигата на шампиони, вториот е „сините“ да се согласат на нова позајмица.

Рома не може да си дозволи целосно да го купи Лукаку од Челси, бидејќи дефинитивниот трансфер би чинел најмалку 43 милиони евра, а тригодишен договор од 7,5 милиони евра нето по сезона, би ги зголемил вкупните трошоци на вкупно над 80 милиони евра.

Напаѓачот иако има договор со премиерлигашот до 2026 година не сака да се врати на „Стемфорд Бриџ“ што значи ќе мора да се најде некое решение и воопшто нема да биде изненадување ако продолжи на „Олимпико“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни