Поврзете се со нас

Италија

Рома има нова трансфер цел: Мурињо го сака „Златното момче“ од 2016 година

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Италијанскиот прволигаш Рома комплетираше неколку зделки во овој летен преоден рок, но калчолигашот нема намера тука да запре и веќе има нова трансфер цел која ќе се обиде да ја оствари.

Клубот од Рим сака да ја освежи средината на теренот, а изборот е паднат на „Златното момче“ од 2016 година, членот на Пари Сен Жермен, Ренато Санчес.

Многу се очекуваше од Санчес, едно време беше најдобар млад играч на светот, но потоа се изгуби на патот и не успева да пронајде средина во која констатно ќе игра, ќе се докажува, покажува и прикажува тоа што најдобро го знае. Жозе Мурињо верува дека може да го извади најдоброто од него, па сака да го види кај него во таборот на „волчицата“.

Рома не би можеле да го купи, па Ренато би можел да стигне само како позајмен играч на „Олимпико“.

Во минатата сезона одигра само 905 минути на 27 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни