Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Родриго и Винисиус Жуниор го предводат Реал против Лајпциг, Сити почнува без Алварез на „Паркен“ (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Од вечерва започнува нокаут фазата во Лигата на шампионите и тоа со средбите кои се играат во Данска и Германија на која ФК Копенхаген и РБ Лајпциг ќе бидат домаќините на актуелниот првак Манчестер Сити и најтрофејниот тим во ова натпреварување Реал Мадрид.

„Граѓаните“ се апсолутни фаворити во пресметката со ФК Копенхаген која тренерот Пеп Гвардиола интересно се одлучи да ја започне без Алварез. На клупата останаа и играчи како Доку и Аканџи, односно почетната единаесетка за премиерлигашот е Едерсон, Вокер, Стоунс, Дијаш, Аке, Де Брујне, Родри, Бернардо, Фоден, Грилиш и Халанд.

Елиф Елмас повторно ја има улогата на резервист за Лајпциг и ќе чека шанса од клупата за да заигра против Реал Мадрид.

Опенда и Шешко дополнети со Олмо и Симонс треба да бидат најголема опасност за „кралевите“ кои ги предводи бразилската комбинација Родриго и Винисиус Жуниор. Во Реал се враќа и Начо кој заедно со Чуамени ќе бидат во срцето на одбраната,

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни