Поврзете се со нас

Македонија

РК Бутел го комплетираше ростерот, Андревски е последно засилување

Објавено

на

foto: RK Butel Skopje

Екипата на РК Бутел Скопје го комплетираше ростерот за натпреварувачката 2023/2024 и тоа со ангажманот на Иван Андревски.

Андревски е лев бек кој прави кам-бек во прволигашот со кого потпиша двегодишен договор.

Тој е петто и последнот засилување, односно им се приклучи на голманот Александар Стојаноски, бекови Лука Иваниќ и Марко Стојанов и крилото Дамјан Георгиев кои претходно се обврзаа на верност кон скопскиот тим.

Нови договори пак потпишаа Дејан Михајловиќ, Кристијан Василевски, Владимир Јевтиќ, Кристијан Давитковски, Димитар Ѓоргиевски, Стефан Крстевски, Бојан Блажески и Наум Симјановски, а за предводник на тимот беше назначен Горан Кузманоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни