Поврзете се со нас

Балкан

Ристовски се расплака по мечот со Бетис и испрати порака за својата почината мајка (Фото)

Објавено

на

Стефан Ристовски имаше ужасен крај на 2023-та година и ја доби веста за смртта на својата мајка, а два месеца подоцна, поранешниот македонски репрезентативец се најде во ситуација да и го честита роденденот од фудбалскиот терен.

Динамо направи одличен резултат во Конференциската лига и го елиминираше фаворизираниот Бетис во баражот за осминафинале, а десниот бек ги одигра 90-те минути на двата меча.

Ристе беше стартер и на реваншот кој денеска се одигра на „Максимир“ и му помогна на својот тим во ремито од 1:1, но поради триумфот на „Бенито Вилјамарин“, хрватскиот шампион се пласираше во наредната нокаут фаза.

Крајот на мечот беше навистина емотивен за Стефан и македонскиот фудбалер не можеше да ги сокрие солзите, за потоа ја покажа маичката на која пишуваше.

– Среќен роденден мамо……..

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GNK Dinamo (@gnkdinamo)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни