Поврзете се со нас

Конференциска лига

Ристовски по големата победа на Динамо во Шпанија: Некои работи брзо се забораваат

Објавено

на

Foto:twitter.com/europacnfleague

Динамо мина низ турбулентен период на домашна и интернационална сцена и со низа разочарувачки резултати влезе како апсолутен аутсајдер во пресметката со Бетис, но хрватскиот великан уште еднаш покажа дека знае да игра со големи екипи како Бетис.

„Модрите“ успеаја да го неутрализираат великанот од Андалузија и на крајот остварија победа со гол постигнат од пенал, па сега наредната седмица ќе тргнат со позитива од 1:0.

Стефан Ристовски одигра цел меч на „Бенито Вилјамарин“ и во завршницата ја носеше и капитенската лента, а по големата победа, не го криел задоволството и сатисфакцијата од прикажаното светло.

– Ова е голема победа за нас. Мило ми е што победвме и што покажавме карактер кога беше најтешко. На пола пат сме, мораме да одиграме уште 90 минути. Одигравме одлично, бевме цврсти во дуелите и ги прекинувавме нивните контри.

– Бетис е технички поткован тим, но имавме многу шанси и на крајот погодивме од пенал. Динамо веќе со години игра во Европа, а за жал кај нас тие работи малку се ценат и брзо се забораваат. Мило ми е што покажавме какво значење има Динамо за хрватскиот фудбал. Ние ќе продолжиме исто, ќе молчиме и ќе продолжиме да работиме, – изјавил Ристовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни