Поврзете се со нас

Конференциска лига

Ристовски и Динамо режираа „слатка одмазда“ и се изборија за европска пролет (Видео)

Објавено

на

Фото: Marko Lukunić i Luka Stanzl/Pixsell/twitter.com/gnkdinamo

Динамо Загреб е далеку од своето најдобро светло и разочара со неколку изданија од стартот на сезоната, но сепак успеа во намерата да игра европски фудабл и на пролет.

Хрватскиот шампион денеска долго се мачеше за да го скрши отпорот на Балкани, но откако постигна прв гол во 69-та минута, до крајот постигна уште два за сигурна победа од 3:0, со која му се реваншираше на косовскиот клуб за поразот од 2:0.

Со овој триумф, „модрите“ го освоија второто место во својата група во Конференциската лига зад Викторија Плзен, што значи дека Динамо ќе игра бараж двомеч за пласман во осминафиналето.

Стефан Ристовски денеска играше на својата природна бековска позиција на десната страна и го одигра цел меч, во кој Периќ прв стрелаше за 1:0, а потоа Петковиќ постигна уште два за убедлив триумф.

Аријан Адеми не играше во Европа во првиот дел од сезоната бидејќи не беше пријавен навреме, но Динамо сега ќе има можност да го пререгистрира за пролетниот дел од сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни