Поврзете се со нас

Свет

Ристовска и ЦСКА добија лекција од Ростов во руското дерби

Објавено

на

foto:twitter.com/whccska

ЦСКА Москва на Сара Ристовска доживеа убедлив пораз од Ростов од 32:21 во дерби натпреварот во првата лига на Русија.

Домашниот тим беше невидлив во првото полувреме во кое противникот успеа да даде дури 18 голови и во исто време да се стекне со позитива од 18:10. Тука стана јасно дека ЦСКА многу тешко ќе дојде до позитивен резултат со тоа што Ростов во продолжението дополнително ја зголеми предноста и го понижи големиот ривал на негов терен во Москва.

Македонската репрезентативка Ристовска немаше свој ден и даде само еден гол од три обиди.

ЦСКА сега има пет бода помалку од денешниот противник (45/40) по 21 одиграни натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни