Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Рио по поразот на Челси: Тоа е голем проблем

Објавено

на

Челси не успеа да оствари позитивен резултат против Борусија Дортмунд во првата средба од осминафиналната рунда во Лигата на шампионите.

„Сините“ иако имаа свои шанси загубија со 1-0 со погодокот кој во второто полувреме го даде брзоногиот Адејеми кој го мина целиот терен, ги остави зад себе Фернандез и голманот Аризабалага пред да ја смести топката на вистинското место.

Со ова премиерлигашот продолжи да ги разочарува своите навивачи што за Рио Фердинанд и не е изненадување затоа што според него клубот на погрешен начин вложува по доаѓањето на Тод Боли, поточно за него е необјасниво како клубот не ангажирал класична квалитетна деветка (ако се иземе Обамејанг) иако беа потрошени 552 милиони фунти за засилувања.

-Потер ќе најде позитивни работи, ќе каже „полека, но сигурно ќе стигнеме каде што посакуваме“. Тие немаат деветка во овој тим. Потрошија толку пари во последните два преодни рока и не ангражираа деветка. Тоа е проблем.

-Долгорочно ќе тргнат и ќе го добијат. Тие прават се како што треба до таа точка. Начинот на кој екипата ја додава топката низ линиите и доаѓа до тие добри делови. Ама повторно тие ја немаат таа клиничка завршница во овој тим, -порача Рио за „Би-Ти Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни