Поврзете се со нас

Шпанија

Ридигер за играчот кој се најавува како засилување за Реал: Ќе бидам среќен ако повторно играм со него

Објавено

на

Реал Мадрид немаше добра сезона, сезона по негови стандарди со оглед на тоа што освои само еден трофеј и тоа оној во Купот на Шпанија.

Поради тоа се најавени сериозни промени во шпанскиот великан, промени кои веќе се случуваат, некои играчи си заминуваат, веќе се ангажирани некои имиња, а се очекуваат да прситигнат уште засилувања пред се во нападот каде Реал загуби фудбалери како Бензема и Асенсио со тоа што не смеат да се заборават ниту Азар и Дијаз иако тие долго време не беа ниту во втор план кај тренерот Анчелоти.

Еден од фудбалерите кој се поврзува со „кралевите“ е Каи Хаверц од Челси. Тој може да одговори на повеќе позиции и затоа е интересен за составот од Мадрид. Антонио Ридигер многу добро го познава Каи со оглед на тоа што заедно игра во националниот тим, а во минатото соработуваше и на клупско ниво, па повторно сака заедно да настапува со сонародникот.

-Би бил среќен ако повторно би играл со Хаверц на клупско ниво. За жал не можам да кажам многу за тоа бидејќи на тема трансфери, зборот ми е спореден. Тоа е одлука на клубот, -истакна дефанзивецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни