Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ричардс се шиша трипати неделно, Анри не можеше да поверува што слуша (ВИДЕО)

Објавено

на

Тјери Анри заедно со Мика Ричардс и Џејми Карагер се дел од екипата на „Си-Би-Ес Спортс“ која ги прати случувањата во Лигата на шампионите.

Тие заедно со водителката Кејт Абдо знаат често да се шегуваат, да разговараат на интересни теми, па така дојде до муабет кој подобро изгледа, поточно има подобра фризура меѓу Оливие Жиру и Ричардс.

Некогашниот ас на Манчестер Сити откри дека се шиша трипати или поточно пред секој настап на ТВ, односно троши по 600 фунти неделно со што го шокираше Анри кој остана без зборови.

-Мика, која е целта? -праша Тјери на што доби одговор:

-Мора да изгледам добро. Знаете кога изгледате добро, можете да се претставите, -порача некогашниот англиски репрезентативец.

Абдо воедно му посочи на Мика дека троши повеќе од 30.000 фунти годишно што е навистина лудило кога е во прашање само шишање.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни