Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ричардс проговори на хрватски поради Гвардиол, Јошко не го криеше воодушевувањето (Видео)

Објавено

на

Јошко Гвардиол постигна спектакуларен гол на „Сантијаго Бернабеу“ и истиот беше прв за него во дресот на Манчестер Сити, па задоволството беше двојно поголемо кај дефанзивецот од Хрватска.

Гвардиол по крајот на мечот имал урнебесен разговор со тројцата членови од „Си-Би-Ес“ и посебно во фокусот се најде неговата конверзација со Мика Ричардс, кој мора да се признае дека добро се подготвил за ова интервју.

Поранешниот стопер проговори на хрватски јазик поради својот соговорник, па на почетокот и на крајот од интервјуто го поздрави со „како си“ и „довидување“.

Симпатичниот разговор не остави рамнодушен никој во студиото, а Јошко мораше да го избере и својот омилен член од стандардната тројка која Мика ја сочинува со Тјери Анри и Џејми Карагер.

Јошко го избра Мика, а гестикулациите кои си ги разменија брзо станаа вирален хит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни