Поврзете се со нас

Германија

Рибери пред реализација на шокантно враќање во Баерн Минхен?

Објавено

на

Германските медиуми последниве денови пренесуваат дека Френк Рибери би можел да реализира шокантно враќање во Баерн Минхен.

38 годишниот фудбалер кој е далеку од најдобра форма би можел привремено да се врати во клубот во кој го изгради своето име и да биде резервна опција на офанзивните фудбалери кои често се повредуваат.

По две години престој во Фиорентина, Рибери би можел да се врати во Минхен, но засега проблем за реализација на трансферот прави спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ кој смета дека Рибери не им е потребен.

За разлика од него, Оливер Кан, пак сакал да го врати Рибери кој би имал улога на резервна опција во тимот.

Рибери во средата го носеше дресот на Баерн Минхен на ревијален натпревар на легендите на клубот, а веднаш потоа излегоа шпекулации дека тој би можел да се врати во клубот.

Фудбалерот разговарал и со Јулијан Нагелсман, новиот тренер на „баварците“, а во целата ситуација бил вклучен и кондициониот тренер на клубот кој го познава Рибери и кој потврдил дека фудбалерот може да игра на високо ниво само 50 до 60 минути.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни