Поврзете се со нас

Светски првенства

Реграги се запозна со суровата страна на фудбалот: Оваа игра знае да биде навистина чудна

Објавено

на

Името на Валид Реграги со златни букви ќе биде испишано во историјата на африканскиот фудбал, бидејќи неговиот Мароко стана првата селекција од овој континент која се пласираше во едно полуфинале на Светските првенства.

За жал, сонот наречен светска титула згасна вечерва поради поразот од Франција во полуфиналето во Катар, но Реграги останува горд на сето она што го сработи и постигна неговиот тим, пред кој е уште еден предизвик во сабота.

Мароко ќе се бори за бронзениот медал во дуелот против Хрватска во „малото финале“, но без разлика на конечниот епилог, предводникот на оваа селекција ќе остане запаметен како првиот кој испишал историја на фудбалските мундијали.

– За жал нема да играме во финалето, тоа беше нашиот сон. Со повредите кои ги имавме и раниот гол кој го примивме, овој меч стана многу тежок за нас. Дадовме се од себе, се боревме со сите наши оружја, но не успеавме. Останувам горд на моите играчи и на мојата земја.

– Не може да играте финале после таков влез во натпреварот и нависитна жалам за тоа. После тоа бевме далеку подобри. За жал, фудбалот знае да биде чуден. Не игравме добро против Шпанија и успеавме да победиме, а денеска игравме добро и загубивме. Не ни преостанува ништо друго, сега треба да работиме напорно и повторно да се вратиме со страст на теренот, – изјавил Реграги по мечот, а притоа открил и каква порака добил од Макрон кој во живо го следеше мечот во Катар.

– Макрон ми порача дека сме завршиме добра работа и сме оставиле добра слика за нашата земја, но и за фудбалот воопшто. Најважно е да ги радуваме и забавуваме луѓето, а ние го направивме тоа. Ќе се вратиме посилни во иднина, – завршил мароканскиот селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни