Поврзете се со нас

Светски првенства

Реграги: Не е исто да се биде трет или четврти, ние имаме јасна цел

Објавено

на

Утре се игра претпоследниот меч на 22. Светско првенство, а во него Мароко и Хрватска ќе се борат за третото место, бронзата на шампионатот во Катар.

Овие две селекции веќе одиграа еден натпревар на овој Мундијал, натпревар кој заврши без победник (0-0), но според селекторот на Мароканците, Валид Реграги многу работи се имаат променето во меѓувреме.

-Сакаме да победиме, играчите знаат дека не е исто да се биде трет или четврти. Сакаме со триумф да го завршиме Светското првенство. Сакаме да победиме, играчите знаат дека не е исто да се биде трет или четврти. Сакаме со триумф да го завршиме СП. Ни претстои важен натпревар и покрај разочарувањето од поразот во полуфиналето. Се надевавме на финале. Ќе дадеме се од себе, уморни сме, исцрпени, психички и физички. Размислувам како да составам тим. Сепак, ќе играме со чисто срце и чиста глава, -рече Реграгуи кој има голема почит кон Хрватите.

-Имам голема почит кон таа земја, репрезентацијата. Имаат само четири милиони жители, погледнете колку се талентирани, погледнете го нивното заедништво. Имаат одличен клупски фудбал, одличен менталитет. Играат во најдобрите клубови. Модриќ е неверојатен, има 37 години, погледнете како игра. Модриќ е еден од најдобрите играчи на Светското првенство и сигурен сум дека сака да го заврши натпреварувањето во голем стил во Катар.

-Тие беа фаворити на првиот меч. Верувам дека заслуживме почит и утре ќе биде сосема поинаков натпревар. Нашата цел е да победиме, ќе биде тежок натпревар за двете страни, -заклучи Реграги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни