Поврзете се со нас

Англија

Реднап нема дилеми: Тој е најголемиот меѓу тренерите, засекогаш го промени фудбалот!

Објавено

на

Поранешниот англиски репрезентативец и некогашен член на Ливерпул и Тотенхем, Џејми Реднап го издвои стратегот кој според него е најдобар на сите времиња.

Кога се работи за вакви прашања секогаш има дилеми, коментари, контра реакции, дебати, меѓутоа секој има право да си го каже своето мислење особено ако истото доаѓа од играчи кои играле на високо ниво како на клупски така и на репрезентативен план.

-Пеп Гвардиола е GOAT (најдобар на сите времиња) меѓу тренерите. Во основа, сите во денешно време играат фудбал на начинот на Пеп, почнувајќи од назад. Мислевме дека е невозможно.

-Пеп беше национален шампион 11 пати во 14 години (Шпанија, Германија, Англија итн.) и освои вкупно 48 големи трофеи. Можете да зборувате за Сер Алекс Фергусон или Бил Шенкли, но Пеп засекогаш го промени фудбалот, -истакна Џејми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни