Поврзете се со нас

Формула 1

Ред Бул го детектираше проблемот за Ф1 фијаското во Бахреин (Фото)

Објавено

на

Она што требаше да претставува добар и задоволувачки викенд за Ред Бул, на крајот се претвори во вистински пекол и катастрофално Ф1 фијаско во Бахреин, бидејќи во последните пет круга откажаа двата болиди.

Макс Ферстапен сигурно ќе беше задоволен со доброто второ место со оглед на тоа што Леклер беше најбрз цел викенд, но наместо тоа, мораше да се помири со откажување поради проблеми со моторот.

Поради иднетичен проблем, веднаш после него се откажа и Чеко Перез, а сето ова е најава дека ќе следи сериозна инспекција во Ред Бул за да не се повтори ваков шок во продолжение од сезоната.

– Тежок резултат за прифаќање. Ќе направиме целосна истрага, но изгледа дека двата болиди страдаа од сомнителен проблем со пумпата за гориво, – гласи објаснувањето на Ред Бул за катастрофалниот епилог на тркага.

– Се чувствував одлично во натпреварувачки карактер и овој резултат е навистина лош за нас. Проблемот првично започна со сопирачките и затоа му дозволив на Леклер да се одлепи. Потоа, имав проблем со балансот, а по последниот пит стоп, мојот управувач се закочи. Тоа направи работите да бидат многу тешки во дуелот со Саинц, а конечниот проблем мислам дека беше нешто со системот за гориво. Поради тоа морав да се откажам и беше болно да се види дека не завршија нашите два болиди. Сигурно ќе анализираме и ќе го утврдиме проблемот и ќе научиме од него. Ова е мотоспорт и сите работи се непредвидливи, ова е прва трка и има уште многу до крајот, – изјави Макс Ферстапен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни