Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Реал направи пресврт против Сити, Агуеро дојде до експресна заработка (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Серхио Агуеро на два часа пред големото дерби на „Сантијаго Бернабеу“ излезе со интересна објава, односно откри дека се обложил на голови на спектакуларното четвртфинале во Лигата на шампионите.

Аргентинецот одби да оди со конечен тип и се обложи дека ќе паднат најмалку три гола во шпанската престолнина, а тоа испадна како џек-пот за поранешноот напаѓач на Сити.

Кун вложи 10 илјади долари и веќе во 14-та минута доби чиста заработка од 8.900 долари, откако Реал фантастично одговори на првиот гол кој го постигнаа гостите.

Бернардо Силва го изненади Лунин и го донесе англискиот првак во водство, но Реал потоа одговори во две минути и набрзина постигна два гола за пресврт.

Камавинга со доста среќа и Родриго се погрижија за пресврт, па иако има уште многу за игра, Агуеро може да биде мирен кога е финансискиот дел во прашање.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни