Поврзете се со нас

Англија

Реакцијата на Скамака најдобро доловува како ВАР ја убива убавината на фудбалот (Видео)

Објавено

на

Големите фудбалски легенди се почесто се сложни дека воведувањето на видео технологијата ја уби страста и убавината на фудбалот, нешто за кое последно отворено говореше Тјери Анри кој истапи како гласен противник на ВАР системот.

Иако е воведен за да ти отстрани сите неправди во светскиот и европскиот фудбал, ВАР системот се почесто наидува на критики и поради воведувањето на полу-автоматскиот офсајд, па фановите веќе мора добро да почекаат пред вистински да се израдуваат на еден гол.

Последен пример за такво нешто е вчерашниот натпревар кој се одигра во Премиер лигата, на кој реакцијата на Скамака најдобро доловува како ВАР ја убива убавината на фудбалот.

Италијанецот постигна мангупски лоб погодок со минијатура во шеснаесетникот, но додека неговите соиграчи се радуваа, тој чекаше потврда од луѓето во ВАР собата, бидејќи противниците подзастанаа и дури и тој се посомнева во офајд.

По долгата и прецизна проверка, испадна дека Скамака е во дозволена позиција, па со мало задоцнување почна еуфорично да го слави својот гол против Фулам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни