Поврзете се со нас

Англија

Рангник: Ги воочив најголемите проблеми во Јунајтед после само две недели

Објавено

на

Ралф Рангник си замина од „Олд Трафорд“ од „задната врата“, односно дојде до раскин на договорот иако беше предвидено да биде директор во клубот и да го проектира тимот заедно со Ерик Тен Хаг.

Искусниот стручњак ја презема австриската репрезентација и набрзо после тоа беше објавено дека нема да продолжи во Манчестер Јунајтед, каде во претходните шест-седум месеци ја извршуваше улогата на менаџер.

Рангник се соочи со доста многу проблеми во толку кратко време и некои негови методи беа доведени во прашање, но тој сега заклучува дека во клубот работите се толку посложени, што едноставно не можат да се решат во така мал период.

– Како тренер и спортски директор, сакате да почнете со активирање на некои процеси, да се минимализира факторо за случајност најмалку што може. Сакав да развијам тим кој има поголема контрола на играта и практикува да не му даде многу на противникот.

– Потребни ми беа само две седмици за да ги воочам најголемите проблеми во Јунајтед, а не шест месеци. Знаев што треба да направам за да ги решам, но прашањето е следно: Дали ќе ви дозволат да го направите тоа, или не? Мене не ми дадоа шанса, – вели Рангник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни