Поврзете се со нас

АБА лига

Раѓа за најавениот потег на хрватските клубови: АБА лигата ништо не ни донесе, тоа е полигон на Звезда и Партизан…

Објавено

на

АБА лигата од наредната сезона повторно ќе има македонски претставник во МЗТ Скопје, но прашање е како ќе изгледа ова натпреварување ако се остварат последните најави кои доаѓаат од Хрватска.

Имено хрватските клубови размислуваат за напуштање на ова натпреварување, односно федерацијата ги советува или поточно им предлага да се насочат кон натпреварувањата на ФИБА и Алпе Адриа Купот.

Ова го потврди и првиот човек на стручниот совет на Хрватскиот кошаркарски сојуз, легендарниот Дино Раџа.

-Уште ништо не е одлучено, ама на седницата во вторникот им понудивме на клубовите опција да играат во Лигата на шампиони, Еврокупот и Алпе Адрија купот, се ќе им биде платено. Сега треба да одлучат, имаат рок од една недела. Ако се договорат, нема да можат да играат во АБА лигата поради распоредот. Што ни донесе АБА лигата во последните 20 години? Апсолутно ништо. Живееме, се бориме да останеме, а лигата е полигон за Црвена Звезда и Партизан да носат странци. Потоа се чудиме кога не победуваат Полјаците и Романците. Ајде да смениме нешто, да видиме како работат, какви им се клубовите, -порача Дино за „Индекс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни