Поврзете се со нас

Свет

Радески претставен како нов член на Пјуник

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Марјан Радески ќе ја продолжи кариерата во редовите на ерменскиот клуб Пјуник.

Ерменскиот шампион реши на интересен начин да го потврди трансферот на Радески, објавувајќи информација за девет засилувања истовремено на својата интернет страница.

Меѓу фудбалерите кои ќе го освежат Пјуник е и македонскиот напаѓач, кој доаѓа од редовите на Шкупи, со кој ја освои титулата во домашното првенство.

Во потврдата за ангажирањето на Радески е потенцирано дека тој беше во македонскиот состав на ЕП, а има освоено и три титули во македонското првенство.

За Радески ова ќе биде прво интернационално искуство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни