Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ сака да ја украде ѕвездата на Барселона, играчот го има последниот збор

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Францускиот шампион Пари Сен Жермен се обидува да го реши прашањето околу Килијан Мбапе, но во исто време размислува за потези со кои би можеле да се намали загубата, да се задржи квалитетот на екипата, па така „светците“ сакаат да ја „украдат“ ѕвездата на Барселона, Усман Дембеле.

Дембеле има договор до 30 јуни 2024 година, но и клаузула според која може да биде откупен за 50 милиони евра до крајот на овој месец и тоа ПСЖ сака да го искористи и го доведе на „Паркот на принцовите“.

Составот од Лига 1 смета дека 50 милиони евра за играч како Дембеле се топ зделка и не сакаат да ја испуштат оваа шанса и сега останува само да го убедат играчот затоа што Барселона е немоќна во оваа ситуација.

Каталонците сакаат да ја продолжат соработката со крилниот напаѓач, се водат и преговори, па сега е на Усман да реши за кој чекор ќе се одлучи.

Од тие 50 милиони евра Барселона би добила само половина, односно преостаантите 25 би завршиле кај играчот на агентот Муса Сисоко.

Оваа клаузула нема да важи од 1 август што значи дека за краток временски период се ќе стане јасно во однос на ова прашање.

Усман од 2017 година е дел од Барса, период кој дефинитивно беше одбележан од многу повреди и пропуштени натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни